Во Шпанија денеска и до 43 степени

Шпанската метеоролошка служба соопшти дека топлата воздушна маса, која во Шпанија пристигна од Северна Африка, донесе многу високи температури, па денеска се очекува на некои места да биде и 43 степени.

Метеоролошката служба АЕМЕТ објави дека најтопло ќе биде во југозападниот и централниот дел на Шпанија.

Во градовите како Севиља, Кордоба и Бадахоз се очекуваат температури до 43 степени.

Метеоролозите соопштија дека во Мадрид денеска може да биде и до 38 степени, што е значително над просекот за првата половина на јуни, додека 500 километри понатаму, во Барселона, прогнозата е 32 степени.

Back to top button
Close