Во Скопје 67 новозаразени, најмногу во Чаир и Центар

– На подрачјето на Скопје денеска се регистрирани 67 новозаразени со  коронавирусот КОВИД-19.

Најмногу од нив, 16 се од Чаир по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени.

Во Скопје има вкупно 653 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Чаир се 168, во Центар 64, во Бутел 63, во Гази Баба 58, во Аеродром 57, во Сарај 55, во Карпош 45, во Кисела Вода 35, а во Арачиново 23. Следат Студеничани со 19 активни случаи на КОВИД-19, Илинден и Ѓорче Петров со по 18, Шуто Оризари со 17, Петровец со шест, Чучер Сандево со три и Сопиште со два случаи, а има и двајца заразени странци. вј/са/

Back to top button
Close