Во сообраќајна несреќа на пат кон Газа, повредена директорката на УНИЦЕФ

Извршната директорка на Детскиот фонд на Обединетите нации(УНИЦЕФ) Кетрин Расел е повредена во сообраќајна несреќа во Египет, додека патувала во Појасот Газа, поради што мораше да ја одложи посетата на Израел, соопшти УНИЦЕФ.

Се наведува дека автомобилот во вторникот се превртел на патот кон граничниот премин Рафа, кон Газа, но дека Кетрин Расен не се здобила со тешки повреди, јавува Ројтерс.

Кетрин Расел имаше намера да го посети Израел, каде што се надеваше дека ќе може да разговара со членовите на семејствата чии деца се грабнати во нападот на палестинската организација Хамас.

 

Back to top button
Close