Во Србија кај Инџија судар меѓу автобус и автомобил, еден загинат и 27 се повредени
Во судар меѓу автобус и патничко возило што се случи утринава на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија, едно лице го загуби животот, а 27 се повредени, од кои четворица имаат тешки телесни повреди, јави дописникот на МИА од Белград.
-Околу 7 часот и 30 минути на патот меѓу Инџија – Нови Сад, кај Инџија, во сообраќајна незгода учествувале автобус на редовна градска кружна линија и патничко возило, соопштија од Полициската управа Сремска Митровица.
Според информации на српски медиуми, младо лице на возраст од 18 години возел диво и престигнувал возила, а возачот на автобусот се обидувал да го избегне.
Двете возила од силината на ударот завршиле во ендек, а лицето што го управувало патничкото возило загинало. При судирот градскиот автобус се превртел на страна.
Од Здравствениот дом Инџија соопштија дека на лице место укажана е помош на 27 патници.
-Четворица од нив се тешко повредени, а десет се испратени во Нови Сад на понатамошно лекување. Седум се испратени во Белград, а двајца во Сремска Митровица, се наведува во соопштението.
Полициската истрага е во тек