Во Србија уапсен е маж (25) кој пукал со ракетен фрлач и демолирал мала зграда
П.Н.(25) денеска е уапсен бидејќи околу 14.10 часот од рачен ракетен фрлач испукал проектил во напуштена зграда во близина на железничката станица во Платичево, кај Рума.
Според неофицијални информации, овој млад човек вчера бил пуштен од невропсихијатриско лекување.
Како што пишувавме претходно, по експлозијата се урна помала зграда спроти станицата.