Во светот од коронавирус над 8 милиони заразени, половина милион починати

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 8.326.010. Од нив починале 448.002, а оздравеле 4.356.750 луѓе.

– Во изминатото деноноќие во Албанија регистрани се 50 новозаразени со Ковид-19, што е за 32 случаја помалку во споредба со вчера. Во исто време, почина уште едно лице, а 13 се внесени во списокот на оздравени. Од почетокот на пандемијата, со последно направените 333 тестирања, во Албанија направени се вкупно 21.510 тестови, позитивни на вирусот се 1.722, оздравеле 1.077, починале 38 лица. Активни на болеста се 608, од нив болнички се лекуваат 53 пациенти, девет се на интензивна терапија, додека тројца се поставени на респираторна машина.

– Во Русија се потврдени нови 7.843 случаи на коронавирус, што е најмал број од 30 април, соопшти Кризниот центар за борба против Ковид-19. Тоа е првпат бројот на новозаразени да е помал од 8.000. Во земјата досега од коронавирус заболеле 553.301 лице, а најтешка е ситуацијата во Москва.

– Во Србија во последните 24 часа потврдени се 96 новозаразени случаи на коронавирус, со што вкупниот број достигна 12.522. Во последното деноноќие почина едно лице, а вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 257.

– Казахстанските власти ја алармираа јавноста поради новиот пораст на заразени со коронавирус во главниот град Нур-Султан. Шефот на државата Касим-Јомарт Токаев се обидува да го смири народот, нагласувајќи дека епидемијата е под контрола, а Владата е подготвена да воведе нови мерки за стабилизирање на ситуацијата. Во казахстан досега се регистрирани повеќе од 21.000 случаи на коронавирус, меѓу кои 3.700 во главниот град, и 88 починати лица во земјата.

– Во Австрија во последните 24 часа, регистрирани се 14 новозаразени со коронавирус, што е за 40 помалку од вчера. Бројот на починатите се зголеми за шест лица, откако коронавирусот зафати еден дом за стари и изнемоштени лица во Виена. Во Австрија досега се потврдени 17.117 позитивни случаи на Ковид-19, а од нив се излекувани 16.099. Министерот за здравство Рудолф Аншобер изјави дека бројките се многу добри, но дека вирусот се уште е присутен.

– Во Грција денеска е регистриран зголемен број на нови случаи на Ковид-19, 55 во изминатите 24 часа, додека пак животот го загубија уште две лица. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 3.203 лица, а починаа 187.

– На Кипар, втор ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19, од 1.210 тестови направени во изминатите 24 часа. Бројот на заразени остана непроменет, 985 лица.

Back to top button
Close