Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот запад и јужниот дел на САД. Во сојузната држава Мисури во торнадата загинаа најголем број луѓе – 12. Силните ветрови во сојузните држави Тексас и Канзас предизвикаа песочни бури, при што се регистрирани десетина смртни случаи.

Од екстремните временски услови зафатена е област, каде живеат повеќе од 100 милиони луѓе, каде се регистрирани речиси 150 смртоносни шумски пожари во Оклахома. Смртни случаи има во сојузните држави Арканзас, Алабама и Мисисипи.

Делови од Тексас, Луизијана, Алабама, Арканзас, Тенеси, Мисисипи, Џорџија, Кентаки и Северна Каролина се под предупредување за поплави.

Поради лошото време над 320.000 луѓе останаа без електрична енергија, а вонредна состојба е прогласена во Арканзас, Џорџија и Оклахома.

Гувернерот на Мисури, Мајк Кехо изјави дека „скалата на уништување во нашата држава е запрепастувачка“ односно уништени или сериозно оштетени се стотици домови, училишта и бизниси

Во Оклахома се регистрирани речиси 150 шумски пожари, поттикнати од ветрови со брзина од 83 милји на час. Ветровите превртија неколку камиони. Во Канзас загинаа најмалку осум лица кога 55 возила се судрија поради бурата која крена голема прашина. Во Тексас песочната бура предизвика судир на околу 38 автомобили, при што загинаа четворица.

Во торнадата во Мисисипи загинаа шест луѓе, а во Алабама и во Арканзас загинаа по три лица.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека во Арканзас е распоредена Националната гарда за да помогне при бурата.

– Ве молам, придружете ни се на Меланија и мене во молитвата за сите оние кои се погодени од овие страшни бури! објави Трамп на платформата „Трут“ (Truth).

 

 

Back to top button
Close