Во Турција сакав на Лавров да му удрам бокс, откри Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, во интервју објавено минатиот понеделник, рече дека имало моменти кога чувствувал потреба на својот руски колега Сергеј Лавров, за време на раните фази на инвазијата на Москва, да му удри тупаница по носот.

Изјавите на Кулеба беа дел од едночасовното неформално интервју со украински видеоблогер во кое тие разговараа за различни теми, од готвење, до хоби и украински фудбал.

Запрашан, како дел од серијата брзи прашања, за неговиот најтешки преговори, Кулеба рече:

„Најтешките разговори се оние каде што едноставно се чувствувате како да сакате да одите и да го удрите противникот во нос, но навистина не можете.”

Тој продолжи:

„И можам да кажам дека тоа се случи два или трипати. Еднаш беше со Лавров во (турското одморалиште) Анталија во пролетта 2022 година“.

Украинските и руските преговарачи се сретнаа на неколку рунди разговори во првите недели по инвазијата во февруари 2022 година – прво во близина на границата на Украина со Белорусија, а подоцна и во Турција.

Кулеба тогаш изјави дека преговорите во Турција биле тешки и дека се разговарало за прекин на огнот и за уредување на хуманитарните коридори. Во тие разговори не беше постигнат договор и оттогаш нема никакви преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одбива да преговара со Москва додека руските трупи не се повлечат од нешто помалку од 20 отсто од териториите на Украина што сега ги држат. Лидерот на Кремљ Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена за разговори, но вети дека ќе продолжи со, како што Москва ја нарекува, „специјалната воена операција“.

Во Москва портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека последните изјави на Кулеба ја нагласуваат неспособноста на украинското раководство.

„И тоа е проблемот: необразовани, агресивни луѓе се регрутираат под маската дека служат како министри за да ја уништат Украина за американски пари. Можеби местото му е во немилосрдна битка, а не во Министерството за надворешни работи?“,изјави Захарова за весникот „Известија

Back to top button
Close