Во живо: Убијци убијци нема да ви помине, скандираа пред парламентот учесниците не вечерашните протести

Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, почна вечерашниот марш што го организира граѓанското движење „Кој е следен?“. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија“ од каде, преку „Триумфалната капија“, се упатуваат кон Собранито на Северна Македонија.

Тие скандираа “Доста беше смрт” Предвидено е граѓаните да се распоредат во паркот „Жена борец“, спроти Собранието и Градската болница. Оттаму, со петминутен аплауз, ќе им оддадат почит на здрваствените работници.

Маршот потоа треба да породлжи кон хотелот „Холидеј Ин“, да помине преку мостот „Филип Втори и преку булеварот „Гоце Делчев“ да пристигне до Владата каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

„Koj е следен?” во најавата за маршот напоменува дека е исклучиво против секаков вид насилство и провокации, а воедно се оградува и од каков било повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.

-Забранети се партиски обележја зашто протестот е граѓанска иницијатова и не смее да се партизира. Учесниците да ги почитуваат инструкциите на редарите, да избегнуваат секаков вид провокации, да не носат остри предмети, оружје, пиротехника и да не фрлаат отпад, наведуваат од „Koj е следен?”.

Додаваат и дека е забрането уништување на јавен и приватен имот.

Поради протестниот марш, од 19.00 часот е воведен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. СВР Скопје апелира да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close