Водоинсталатер пронашол сандак злато – станал милионер преку ноќ

Водоинсталатер пронашол метален сандак во подрумот на зграда, во кој били сокриени златни монети со тежина од околу 30 килограми.

Како што пишува австрискиот весник „Хеуте“, сопственикот на вила во Австрија решил да го реновира имотот.

Водоинсталатер кој работрл во подрумот  забележал сомнително јаже и најпрво сакал да го извлече од подот, но не можел, па почнал да копа и наишол на метална кутија.

Кога го извадил и отворил металниот сандак, имал што да види: во него имало златни монети, главно со ликот на Моцарт, пренесува списанието Феникс.

Според првите проценки, во ковчегот имало околу 30 килограми моцартови монети од чисто злато, пренесува „Хеуте“, со проценета вредност од околу 2,3 милиони евра.

Според австрискиот закон, пронаоѓачот има право на најмалку една третина од заборавеното богатство, а можеби и половина.

Тој се сомнева дека златото било закопано во бетонот пред Втората светска војна

Back to top button
Close