Воинот на коњ од денеска има две елки. Арсовска по кривата, скромно накитена, стави и друга само со сијалички

Додека помеѓу граѓаните сè уште не стивнуваат реакциите во врска со новогодишната елка која пред неколку дена беше поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на повидок се нови реакции за новата елка која од денеска е поставена на плоштадот, на неколку метри оддалеченост од првата.

Двете елки на плоштадот „Македонија“ / Фото: „360 степени“

Двете елки, слични по големина и форма, се поставени една спроти друга, од едната и другата страна на фонтаната „Воин на коњ“. Првата, која беше целосно доукрасена вчера, има повеќе декорации на себе. Втората, пак, има само ситни новогодишни светилки.

Двете елки на плоштадот „Македонија“ / Фото: „360 степени“
Засега нејасно е зошто градските власти одлучиле да постават две елки на централниот плоштад во Скопје.

Изминатите денови социјалните мрежи беа преплавени со коментари и реакции, но и критики кон градоначалничката Данела Арсовска во врска со новогодишното украсување на градот и за изгледот на елката која неодамна беше поставена на градскиот плоштад, а која неколку дена беше половично накитена.

Но не само на социјалните мрежи – за изгледот на елката во Скопје вчера пишуваше и српска Нова.рс.

Порталот објави вест со наслов „Кога ќе помислите дека сте во лоша состојба, сетете се на несреќната новогодишна елка во центарот на Скопје“ оценувајќи: „несреќната елка стана позната поради тоа што изгледа мошне неугледно за дочек на Новата година.

Back to top button
Close