Волстрит во подем со отворањето на американската економија

Акциите на американските компании покажаа раст на берзите денеска, со надеж за рестарт на економијата после пандемијата. Сепак, инвеститорите покажаа внимателност, во позадина на протестите што ги зафатија САД, но и поради конфликтот меѓу Вашингтон и Пекинг.

Трите главни берзански индекси во САД утрото го почнаа со намалени значења, но кон пладне индексот на Dow Jones порасна за 30.31 поени или 0.12 проценти, до 25 413,42 поени. S&P  порасна за 3.03 поени или 0.10 проценти до 3047,34 поени, a Nasdaq Composite  порасна за 31.53 поени, или 0.33 проценти, до 9521,40.

Од друга страна, протестите предизвикаа трговските марки за широка потрошувачка, Target и Walmart да ги затворат продавниците за време на безредијата, поради грабежите во многу градови. Нивните акции денеска паднаа до 1.9 и 0.9 отсто соодветно.

Акциите на фармецевтските компании пак паднаа за 1.2 отсто. На накои како Gilead Sciences се спуштија и повеќе, откако тестовите покажаа несигурни резултати во примената на лекот ремдесивир кај болните со умерени симптоми на Ковид-19.

Расположението на инвеститорите се смрачи по соопштенијата дека Кина наредила државните компании да запрат со увоз на земјоделски производи од САД, откако Вашингтон објави дека ќе ги укине специјалните односи со Хонг Конг.

Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Кина претставува сериозна закана за рестарт на пазарите. 

Back to top button
Close