Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило, претходни ги тепал 3 дена

Скопјанец три дена брутално тепал мајка со две деца, па ги исфрлил од автомобил.. Децата со тешки повреди пренесени во болница.

Во Полициската станица Чаир вчера во 19.00 часот било пријавено дека дента околу 14.30 часот на подрачјето на Аеродром, 39-годишна жена заедно со две малолетни деца биле исфрлени од возило управувано од нејзиниот вонбрачен партнер Ф.Ф. (24 ) од село Радуша.

При укажување на лекарска помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ констатирани се тешки телесни повреди како кај 39 годишната жена така и кај нејзините две малолетни деца, кои што според кажувањето на мајката биле предизвикани од Ф.Ф. кој што во изминатите три дена во куќа во селото Визбегово ги тепал со тврд предмет неа и нејзините две деца. Постапувајќи по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ф., како и неговиот татко И.Ф (68) кој што во текот на полициското службено постапување со секира ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави, стои во Билтенот од МВР.

Според сведочењето на мајката, Ф.Ф. во последните три дена ги малтретирал неа и нејзините деца во нивниот дом во селото Визбегово, каде што ги тепал со тврд предмет

Back to top button
Close