Вонредна состојба во Република Српска
Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба пред изрекувањето на пресудата на претседателот на ентитетот, Милорад Додик, објавувајќи ја подготвеноста да ги преземе „сите неопходни мерки за заштита на институциите, имотот и интересите на граѓаните на Република Српска“…

Владата на ентитетот одржа вонредна седница откако со завршните зборови на одбраната и обвинителството заврши едногодишното судење на Додик и директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, кои се обвинети за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ…
Државниот обвинител Недим Ќосиќ бара Додик и Лукиќ да бидат прогласени за виновни и осудени на затворски казни …
Одбраната пак бара ослободителна пресуда, тврдејќи дека тие не се виновни затоа што Кристијан Шмит не бил легално избран висок претставник и не можел да носи обврзувачки одлуки