Вонредни проверки во ноќни клубови во Грција за почитување на мерките за противпожарна заштита
Во ноќни клубови, во магацини и фабрики што спаѓаат во категориите со висок ризик, како и во објекти за рециклирање, собирање на опасен или неопасен отпад за кои потребен е сертификат за (активна) противпожарна заштита во Грција ќе се спроведат вонредни контроли за почитување на мерките и средствата за противпожарна заштита, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција,
Надлежните служби во Министерството наредиле, покрај редовните контроли по случаен избор, во вториот квартал од 2025 година да се спроведат и вонредни инспекции во простори каде што има собири на луѓе.
Според ревизорските податоци од Управата за заштита од пожари, како што соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција, во текот на 2024 година, биле извршени вкупно 2.543 проверки на објекти кои се користат за јавни собири и биле констатирани 595 пропусти – забелешки, а изречени биле 215 административни казни во вкупен износ од 248.522 евра.