Вооружен инцидент пред ГОБ „8 Септември“

Дваесетина припадници на МВР штотуку го започнаа увидот во ГОБ „8 Септември“, каде попладнево група на мажи, за кои постојат сомневања дека еден бил вооружен влегле во Ургентниот центар и упатиле серија закани кон докторка, која била на дежурство, пишува Слободен Печат.мк

 

 

Неофицијално лицата сакале да земат тело на починат за кои според лекарските протоколи било предвидено да се изврши обдукција, тврди овој медиум.

Од МВР велат дека лицата се приведени за распит во полицика станица.

Пред болницата во моментов екипи на МВР, вршат увид, додека радознали граѓани се собрани пред болницата која е ковид центар за Македонија.

Извор: Слободен Печат.мк

Back to top button
Close