Воз удри мигрант на пругата Велес – Градско. Починал на пат кон болница

Воз удрило едно лице-мигрант, кое се движело по железничката пруга Велес – Градско, пред село Згрополци.

Од ударот лицето се  здобило со тешки телесни повреди, а додека е транспортиран кон Општата болница Велес, по пат им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид.

Back to top button
Close