Возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата во Тетово ќе се пренесуваат на новата локација
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Тетово ги информира граѓаните дека од денеска возилата кои ќе бидат подигнати од пајак-службата ќе се пренесуваат на новата локација, односно на просторот спроти Автобуската станица, а не во дворот на Територијалната противпожарна единица.
Ова е простор на Општина Тетово, поточно на Претпријатието, кој значително ќе ја олесни работата не само на оваа служба, туку и на Противпожарната единица, која сега има покомотен простор.
Работиме секојдневно секое јавно претпријатие да има услови и можности за да нуди што поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните