(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нов напад во Сиднеј: Свештеник прободен со нож за време на служба 

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј.

Нападот се случил додека свештеникот водел богослужба, која била емитувана на интернет.

На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош.

Меѓу повредените има четворица мажи за кои се претпоставува дека се на возраст од 60, 50, 30 и 20 години. Меѓу ранетите е и бискупот.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот му приоѓа на бискупот и го прободува со нож, јавуваат австралиските медиуми. Снимката не е проверена, а полицијата не потврдила дека се случил овој инцидент.

 

na

 

Back to top button
Close