Вработени во Центарот за социјални работи во Прилеп протестираат за нивната колешка која беше застрелана вчера
Вработените во Центарот за социјални работи во Прилеп, како и неколку други низ државата денеска во овие моменти протестираат пред зградата на институцијата во знак на поддршка за нивна колешка која беше застрелана вчера во просториите на Центарот за социјални работи Прилеп, пренесе Телма.
Социјална работничка вчера беше застрелана на своето работно место во Центарот за социјални работи во Прилеп од страна на 50 годишен маж, кој пред 4 дена побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар. Тој со пиштол ја застрелалал 36 годишната социјалана работничка, по што таа веднаш е префрлена во Прилепската болница, од каде велат дека жената е надвор од животна опасност, со влезно излезна прострелноа рана, но во стабилна состојба.
50-годишниот маж и претходно бил осудуван за кривични дела сторени врз истата жртва – Еднаш на 1 година и 3 месеци задолжително лекување во Психијатриската болница од каде избегал, а другата казана е затворска но предметот е се уште во битолска Апелација.