Вреди вечерва очекува одговор од Таравари – Меџити: Мора да разјасниме, дали се дел од Вреди или со ДУИ!
Првиот вицепремиер, еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува АА на Арбен Таравари вечерва да ја реши дилемата и да ја информира коалицијата ВРЕДИ кој пат ќе го избере.
„Да разјасниме меѓу себе дали се дел од ВРЕДИ или одат со ДУИ“, вели Изет Меџити.
Повика АА да одговори.
„Доколку некој сега ја анализира состојбата, единствената можност за враќање на ДУИ во владата е поделбата на ВРЕДИ. За ваквата ситуација допринесоа и кругови од надвор“, додаде Меџити.
Потсетувајќи на искуства од минатото, Меџити рече дека поделбата на Албанците на повеќе табори само го дефакторизираат албанскиот глас. За ВРЕДИ да остане обединета, Меџити рече дека и понудиле максимум на АА за поделба на општините.
„Ја фаворизиравме АА, г. Таравари изјавува по медиумите, ми понудија 35%. Ние до денеска не сме се договориле што ќе земе ДД или другите, туку зборувавме само за фаворизирање на АА со цел ВРЕДИ да остане обединета“, вели Меџити.
Опцијата што ја спомна Таравари дека може да излезат сами на изборите, за Меџити е нереална.
„Бидејќи и тие знаат, и ние знаеме. Исто е како јас да кажам дека ќе одам со ДД утре сам, а нема да излезам сам ако немам поддршка од надвор“, вели Меџити.
Истакна дека посакуваат АА да остане дел од ВРЕДИ.
„Ја сакаме АА во ВРЕДИ а не АА која за опција ја има ДУИ. Тогаш се губи смислата на промената“, вели Меџити.
Од целата оваа ситуација Меџити смета дека на крајот ВРЕДИ ќе излезе поконсолидирана.