Времето денес променливо облачно, до 15 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.