Времето ќе биде сончево, а попладне е можен краткотраен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Следува период на топло време. Во петок во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи