Вучиќ: Јасно е дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, но преодна влада никако


Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека е јасно оти ќе има предвремени парламентарни избори, но повтори дека нема да има преодна влада.

„Да повторам, нема да има преодна влада, затоа што тоа бара моја одлука и јас никогаш нема да донесам таква одлука и нема разговори и преговори за тоа прашање. Не затоа што тоа е нечиј политички каприц, како претседател веројатно би бил уште попопуларен ако го предложам, не ми паѓа на памет, тоа е уништување на Србија. Се заколнав, ќе ја почитувам независноста на Република Србија и никогаш нема да учествувам во такво нешто против моите интереси“,

рече Вучиќ, кој заедно со Ана Брнабиќ вечерва ѝ се обраќаат на јавноста.
Дека излезот од кризата се парламентарни избори до крајот на годината смета и премиерката Ана Брнабиќ која изјави дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од таа функција.

„Секогаш сум подготвена да поднесам оставка, но кога општеството е во криза единствен начин е да разговараме, а тие не сакаат да разговараат, јас сум подготвена и погрижете се да ја имате мојата оставка на маса. Верувам дека излезот од кризата се парламентарни избори до крајот на годината, оставам на претседателот на Републиката да донесе одлука“,

рече Брнабиќ.
Вучиќ, пак, вели дека Српската напредна странка нема да сака нов мандат доколку Ана Брнабиќ поднесе оставка бидејќи се задоволни од работата на премиерката. Тој објасни дека Брнабиќ поднесува оставка до Собранието, а потоа има рок од 30 дена да предложи друг за мандатот.

„Ако Брнабиќ поднесе оставка, СНС нема да сака нов мандат бидејќи сме задоволни од нејзината работа. Имаме рок од 45 до 60 дена да одржиме нови избори и соодветно сме подготвени да преговараме со оние кои би сакале избори. Мнозинството ќе се обиде да биде фер и одмерено и да направи технички договор со малцинството“,рече тој.

Претседателот на Србија вели дека на разговорите ќе ги очекува оние кои треба да покажат мала одговорност за српското општество и оти верува дека сепак ќе најде соговорници меѓу оние кои треба да покажат сериозност. Ако не, ќе одиме на избори, рече тој.

„Сега е јасно дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, тоа е само прашање на месеци. Ќе го забрзаме распуштањето на собранието бидејќи има рокови“,додаде Вучиќ.

Back to top button
Close