Вучиќ: Граѓаните на Република Српска имаат право да гласаат во Белград, ако Несторовиќ не не поддржи ќе има повторени избори во Белград

 

За време на протестот на опозицијата пред РИК поради, како што тврдат – изборна кражба, се огласи претседателот Александар Вучиќ на РТС каде изјави дека изборите се резултат на кампања, претходна работа, но и она што им е понудено на граѓаните и рече дека граѓаните на Република Српска имаат право да гласаат во Белград врз основа на законот за двојно државјанство. Тој порача дека „ако листата на Бранимир Несторовиќ не поддржи никого, ќе имате повторени избори во Белград“, јави дописникот на МИА од Белград.

Зборувајќи за критиките дека граѓаните на Република Српска гласале на изборите во Белград, Вучиќ изјави дека тие имаат право на тоа.

-Тие имаат право во согласност со законите што ги донесоа во оваа земја, не ние, туку тие – и приказната за двојното државјанство и се друго, што мислам дека е сосема нормално, цивилизирано и добро за српскиот народ, нагласи Вучиќ.

Вучиќ изјави дека неговата листа победила во Белград, а резултатите секогаш ги доведуваат во прашање оние што губат.

Тој додаде дека на листата на СНС заедно со СПС има 54 мандати во белградското Собрание и дека еден недостига за биде изедначено градското собрание кое брои 110 одборници, а д-р Бранимир Несторовиќ рече дека нема да поддржи никого.

-Ако Несторовиќ не поддржи никого, ќе имате повторени избори, само се плашам дека некои погрешно ги проценуваат резултатите, рече Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close