Вучиќ: Моравме на „Фајзер“ да му дадеме посебни гаранции дека ќе му го гарантираме начинот на транспорт на вакцините

Имаме договор кој го потпишавме со „Фајзер“ кога нарачавме голема количина вакцини. Всушност направивме билатерален договор со „Фајзер“ согласно кој немавме право на никаков начин да ги оттуѓуваме вакцините. Токму тоа беше причината што доцни примопредавањето на вакцините, порача денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Прешево-Табановце, инфомира тв21.

-Ние не можевме да ги донесеме сите вакцини, бидејќи сите земји, а и некои фирми работат на заштита на своите производи. Затоа моравме на „Фајзер“ да му дадеме посебни гаранции дека ќе му го гарантираме начинот на транспорт на вакцините и дека вакцините ќе бидат исти како кога ние ги презедовме, рече Вучиќ во одговор на прашање по примопредавањето на 4800 од предвидени 8000 вакцини на „Фајзер“ против Ковид-19.

…

повеќе

Back to top button
Close