Вучиќ најавува оставка од функцијата доколку се утврди дека бил користен звучен топ
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Пинк изјавил дека нема да биде шеф на државата ако се утврди дека безбедносните сили користеле звучни топови на протестот одржан на 15 март
“Тука да ви кажам сега – ако нашите сили користеа звук топ, Вител, како и да се вика… Јас повеќе не сум претседател. Вие мизерни лажливци, засрамете се”, рече тој.
Потпретседателот на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепић, објави фотографија тврдејќи дека на неа е прикажан звучен топ употребен за време на протестот на 15 март во Белград.