Вучиќ: Приштина носи одлуки за протерување на Србите од Косово

По средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуките на Приштина во однос на српските регистарски таблички и лични карти имаат за цел протерување на Србите од северно Косово и создавање нова „Олуја“, алудирајќи на операцијата на хрватските сили во 1995 година во српска Краина.

„Нашиот одговор ќе биде трезен, но смртоносен, нема да преземаме никакви воени дејства. Ова ќе биде интересно лето и есен. Мене ме интересираат тие што го спроведуваат сето ова, барам малку да ја намалат ароганцијата. Како претседател можам да кажам дека можеби немаме каде да одиме, 10 години се бориме да најдеме компромисно решение, но никој нема да прави компромиси, тие само гледаат како да го избркаат нашиот народ“,изјави Вучиќ.
На прес-конференцијата по средбата со лајчак, Вучиќ најави дека одговорот на Белград ќе биде трезвен, но и како што го нарече, „смртоносен и вистинит“.

Back to top button
Close