Вучиќ: Шестото барање на студентите во блокада го пoкрена директно Албин Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за Њузмакс Балканс изјави дека шестото студентско барање дошло „директно покренато од Албин Курти“.

„Министер во владата на Северна Македонија и пријател на Курти ме нападна без причина што ги посетив граѓаните на Северна Македонија (во УКЦК во Белград), а потоа тоа стана шесто барање на студентите. Со тоа Курти директно го предизвика“, рече Вучиќ за телевизијата Њузмакс Балканс.
Тој не прецизираше за кој македонскиот министер станува збор и каква врска има Албин Курти со студентите.

Вучиќ не даде никаков доказ за своите тврдења.

Шестото студентско барање, се однесува на одговорноста за оние кои дозволија функционери и новинари да ги посетат пациентите кои се лекуваат во Белград како последица од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.Тоа барање претходно – на 28 март – беше поставено од студентите во блокада од Медицинскиот факултет. з

Back to top button
Close