За „Фчерашни новости“ и протофашизмот на политичкиот хумор!

Фејсбук статус на Аделина Марку:

Нема интелектуалец што не го сака политичкиот хумор! Во ”Фчерашни новости” раскошно го имате! Добри се, о да, многу добри! А и за мој вкус, бд софистицирано чезнеам по либертарјанскиот дух на писмото , на зборот и физикусот, па затоа и ги оживувам кога пишувам колумни или изразувам став.

Во нив, в колумниве/ ставовиве мои, ( те во мене), има се богами, критика, сатира, гротеска, решениа, порази, победи, еротски дискурс, мисла- хермафродитна , либидо, саможалење, себехумор, грижа, совет, дображелба, желба за промена, лубов кон културниот идентитет, јазикот, лелекање, плач, солидарност…

НО, има и достоинствен презир, презир како карактерна линија кон -цинизмот , кон апокалиптичките сценариа и пројекции, кон примордијалните политички и мисловни ејакулации, кон протофашистичкиот дискурс! Дури полавек ми требаше да признавам дека не е срамота што силниот збор, хумор и паметните решениа ме оргазмираат, ме тераат да креирам, да работам, да станам подобра граѓанка и мајка, подобар лидер и професионалец!

Но, во телото на силниот збор, те силниот хумор навистина нема место за протофашизам и цинизам! Општествата што имаат публика за ваков наратив или вкус, се без дилема протофашистички и преплавени во сагата на цинизмот! Во принцип, овие се општества кои баснословно рециклираат сопствен пад! Бааааммммм надолу! Темнина и ладно е!

За жал, во еден од скечовите на Фчерашни новости, на тема Попис, имаше дискурс на цинизам и протофашизам! Иако гледам дека , скечот го тргнале од етерот дечките и девоjчињата од Фчерашни новости, цивилизирано би било да се каже Хеј луѓе, згрешивме , се извинуваме !

Ако не го правеле оваа досега , бараме тоа да го прават! Сигурна сум дека ке ја изгубат публиката и поддршката, почитта секако, така ти оди то! Но таму каде што има свест за грешките, таму има и развој! Затоа , зборот Се извинуваме , навистина ОСЛОБОДУВА! Хеј луѓе , цинизмот е производ на еманципирана лажна свест за себеси, пазете се! …Лажната свест е траума која не се лечи, таа само рециклира маани!

Back to top button
Close