За три месеци само три венчавки во Дебар
Пандемијата од коронавиирусот во општина Дебар директно влијаеше и во рапидното намалување на венчавките. Во последните три месеци се регистрирани само три венчавки.
Според канцеларијата за венчавки при општините Дебар , во март, април и мај оваа година се евидентирани само три венчавки, а заедно со месеците јануари и февруари бројот на венчавките е 21. Раководителката на оваа канцеларија Афердита Шахини ни изјави дека во споредба со минатата година во истиот период, бројката е преполовена бидејќи лани во поериодот јануари мај биле евидентирани 46 венчавки.
-Воведувањето на кризната состојба во Дебар поради тоа што првите болни од Коронавирусот беа евидентирани токму во Дебар и Центар Жупа, а потоа и вонредната состојба која беше воведена во земјата, имаа големо влијание врз венчавките – изјави Шахини и додаде дека голем број на млади од Дебар кои стапуваат во брак а живеат во земјите на ЕУ, се венчаат во Дебар, а тоа последните месеци не се случи поради пандемијата .Минатата година вбо Дебар беа регистрирани 126 венчавки.
К.М.