За Заев комисијата за заразни болести се херои за Мицковски се политиколози
06.07.2020 20:41
1,053 Читање помалку од 1м
На дуелот на МТВ кој е во тек на прашањето да ја оценат борбата со пандемијата од ковид 19 Зоран Заев им оддаде признание на здравствените работници дека се нашите херои и истакна дека веднаш по изборите со министерот Филипче ке се потрудат да бидат наградени за битката што ја водат за здравјето на граѓаните. Христијан Мицковски не мисли така туку рече дека инфектолозите од комисијата за заразни болести која ја следи пандемијата и предлага мерки наместо да бидат инфектолози според него биле политиколози. Мицковски битката со пандемијата и работата на министерот Филипче и комисијата ја оцени како катастрофална додавајки дека сме биле рекордери во смртни сличаи и потсети дека Филипче ветил 2 илјади заразени а веке имале 7 илјади. Заев реплицираше дека граганите знаат колку самопрегорно денонокно се бореа и се борат лекарите медицинските сестри и целиот здравствен персонал и истакна дека председателот Пендаровски требе да ги награди со медал за битката со пандемијата.