Заев-31 октомври е клучен за мене, никој не е вечен, но тоа не значи нови парламентарни избори

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека вториот изборен круг од локалните избори на 31 октомври за него е влог од „се или ништо“.

-Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е никаква закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му или од партијата дека ќе биде таму и таму… Важен е само народот и државата, се друго е минливо – рече Заев на ТВ 21.

Притоа, тој вели дека парламентарното мнозинство е стабилно. Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не може да привлече ново мнозинство.

-Не мислам дека во државава треба да има парламентарни избори. Тоа што јас го кажав, дека јас и Влада предводена од мене, тоа не значи дека треба да има парламентарни избори. Впрочем, вчера е истиот ден во кој што е потврди стабилно политичко мнозинство и нема тука дилема. Не може, не Мицкоски, кој сака нека е, да привлече од тоа мнозинство затоа што не нуди нешто подобро. Во моментот кога ќе понуди нешто подобро тогаш се е отворено и тоа е демократија – порача Заев.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close