Заев: Бензиските пумпи ќе ги загубат лиценците ако не точат квалитетни горива

Во рамки на своето излагање, денес премиерот, Зоран Заев потенцираше дека освен санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, ќе има и препораки од страна на Регулаторната комисија за енергетика за одземање на лиценци, доколку бензиските пумпи точат неквалитетно гориво.

„Дејствијата се тие. Тоа е веќе соопштено во јавноста и е надминат процентот на вода, пепел или немаат доволно петдневни резерви што е законска регулатива но и впишано во Правилникот, со цел соодветно сите институции да ги носат одлуките, и тука не треба да застанеме“, истакна Заев.

Исто така, премиерот потенцира дека контролите ќе бидат постојани и ќе продолжат, со цел да се види дали сите ги почитуваат пропишаните стандарди.

Back to top button
Close