Заев: Кризен данок не ни треба – државната каса е во добра кондиција

Премиерот Зоран Заев денеска уверуваше дека владата не размислува да воведе кризен данок или сличен нов данок, но се анализираат другите даноци.

– Кризен данок не ни треба сега. Не размислуваме за воведување на нови даноци. пораката е дека ќе обезбедиме стабилни даноци- изјави  Заев по отворањето на првиот стартап самит во земјава.

Премиерот рече дека државната каса е во добра кондиција и собирањето на даноците е добро.

Back to top button
Close