Заев: Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“

Имаме мал но значаен успех, покрај приведувањето на дел од осомничените лица, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер.

– Телеграм конечно презеде чекор и ја затвори групата „Јавна соба“. Апелирам да останеме сите будни и одговорни, имаме уште многу заедничка работа во искоренувањето на ова зло, напиша Заев.

Минитсерот за вантрешни Оливер Спасовски, претходно вечерва објави на фејсбук дека од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена.

– Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група, напиша Спасовски.фф/са/

2021-01-28 19:21:53, од Фатиме Фазлији

Back to top button
Close