Заев: Утрово имав средба со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Имавме успешен разговор, и ќе продолжиме да дискутираме до евентуален конечен договор – изјави Заев, но не изнесе детали од средбите велејќи дека не е корисно преговорите да се водат медиумски.

Заев кој денеска го доби мандатот за составување на Влада порача дека се подготвува да биде премиер 4 години, што е спротивно на ставовите на потенцијалниот коалициски партнер ДУИ, од каде бараат премиер-Албанец барем една година од 4-годишниот мандат на идната влада.

„Денеска го добивам мандатот и се подготвувам да бидам премиер 4 години, цел мандат. Но, секако една од темите на преговорите меѓу СДСМ и ДУИ е таа, таа е реалноста и тоа го знаат граѓаните. Но, јас сум целосно среќен, после сите одлуки кои ги донесовме на надворешен, но и домашен план, добив чест како победник да ја испратам пораката дека не е точно дека политичарите кои носат храбри, мудри, исправни одлуки, дека заминуваат во политичката историја“, рече Заев. Н

а новинарско прашање дали ќе го врати мандатот доколку во рок од 20 дена не упее да формира Влада, Заев посочи дека таков случај веќе имало на претходните парламентарни изброи во 2016 година. „Тогаш ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу мандати, но не успеа да состави Влада. Шанса потоа добив јас, како лидер на второрангираната коалиција и успеав да формирам Влада. Но, овојпат нема да биде така, јас ќе успеам да формирам Влада“, рече Заев.

Back to top button
Close