Заев: ВМРО-ДПМНЕ знае само за деструкции, да бидеш против НАТО и ЕУ значи дека си против својот народ

Ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски знае само за деструкции, за блокади, за одбрана на криминалци и секако лажни вести. Ги слушаме деновиве што зборуваат, биле против Брисел и Вашингтон, против нашиот стратешки партнер и пријател, САД. Да бидеш против НАТО и ЕУ значи дека си против стратешкиот интерес на својата земја и против својот народ“ кажа премиерот Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Скопје.

„Затоа сме фаворити на овие избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ. Мицкоски не може да ја рефомира сопствената партија, а не пак да донесе реформи и напредок во општините или државата“ кажа премиерот Заев.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште се забележува истата режимска матрица на Груевски.

„Гледаат граѓаните и знаат се. Разликата помеѓу нас кои сме за напред и за нив кои се за назад е огрмна. Покажавме дека за нас зборот важи и ќе го покажуваме тоа и во иднина. И на централно и на локално ниво. Тоа е нашиот пристап, така ние знаеме и можеме. Секогаш со граѓаните и за граѓаните, отворено транспарентно“ истакна Заев.

Тој додаде дека се што граѓаните ќе побараат ќе биде нотирано, анализирано и проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма на СДСМ, која понатаму ќе стане Програма за работа на општината.

 

Back to top button
Close