Закана за бомба во Версајската палата

Версајската палата, една од најпосетуваните знаменитости во Франција, денеска беше затворена за посетители два часа поради закана за бомба.

Зградата била евакуирана околу 10:20 часот, а била отворена околу 13 часот, соопшти управата на замокот по полициска проверка.

Полицијата извршила увид и на големиот плоштад пред Версајската палата за „можен сомнителен пакет“.

Околу две илјади луѓе се евакуирани поради безбедносни причини.

 

Back to top button
Close