Запалено Ауди најдено во Бојане – се користело за нападот врз Штекли?

 

Запалено возило е пронајдено  на стариот пат за селото Бојане, минатиот вторник, за кое полицијата се сомнева дека е искористено за бегството на егзекуторот кој го застрела Раде Трајковски – Штекли во Ист Гејт Мол, дознава Телма од истрагата за случајот. Возилото од марката Ауди А4 било пронајдено во саботата вечер, целосно опожарено, паркирано без возач и на лице место.  Регистарските таблици биле со ознаката на градот Тетово. По извршените проверки, како што јавува Телма, констатирано е дека регистарските таблици се од друго возило.

Селото Бојане се наоѓа на периферијата на Скопје и на патот кон Тетово и спаѓа под општина Сарај.

Нападот врз Штекли се случи на 24 октомври околу 15 часот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи за пресметка на кланови.

Штекли во меѓувреме беше пуштен на домашно лекување. Ова беше втор обид за негова ликвидација на истото место, во трговскиот центар Ист Гејт Мол. Во нападот посериозно беше повреден и Димитар Трајчов викан Колумбо, кој се  уште е на интензивна нега на Клиниката за хируршки болести, но е изваден од респиратор и  дише самостојно и полека се опоравува.

На социјалните мрежи вчера осамна и фотографија од Штекли за време на неговото лекување. На фотографијата може да се видат преврските во пределот на неговиот граден кош по здобиените повреди од нападот. Кон Штекли по нападот беа упатени и нови закани на социјалната мрежа ТикТок.

Back to top button
Close