Затворен патот Прилеп-Градско поради тешка сообраќајна несреќа
Од 18 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Прилеп-Градско за секаков вид на возила поради случена сообраќајна несреќа.
Според информации на ТВ21, формирана е долга колона, а дел од автомобилите се пренасочени преку стар земјен пат.