Здравјето (наше и на нацијата) не е се, но без здравјето – се е ништо!


Во насловот, додададов: нацијата, додека, основата на мислата, ја позајмив од германскиот филозоф и идеалист (па уште и песимист!) од втората половина на 18 век, Артур Шопенауер (Arthur Schopenhauer).
Здравјето на нацијата, и она на поединецот, или, личното здравје, се испреплетени и мегусебно обусловени, исто, како што се обусловени здравиот дух и здравото тело.

Ако кажеме, дека, е бескорисно да ја отсечиме гранката, ако веќе сме дијагностицирале болест во самиот корен, тогаш, е сеедно дали е коренот во личното, или општественото, тоест, здравјето на нацијата.

Старата година ја испративме, главно, трауматично.

На последниот ден од бившата, млад светиниколчанец, пукал во својата сакана, те се самоубил!
Мотив: невозвратена љубов!

А само колку не има, на кои државата не ни возвратила со љубов!?
Ја испративме, со чувство за нереализирани сништа, незадоволни од амбиентот што не опкружува, бесни на институциите од кои повеќето како и да не постојат.

А постои само она што го гледате, во што верувате. Ако од стотина од нас, судство и обвинителство, гледаат само тројца, или четворица, тогаш тоа, од аспект на нацијата, и не постои. Тоа е веќе дијагностицирана, опасно метастазирана болест, која не се лечи со есенско, или пролетно ретчење на гранчињата од стеблото.

Или, ќе се засече длабоко во коренот, или ќе се отстрани сосе коренот и ќе се засадува ново стебло.
Ај да беше само судската власт. Никој веќе не верува во останатите власти, со до врвната, законодавната власт – парламентот. Тој е нефункционален и формално, со одработените осумдесетина дена (во која фирма се добива 12 плати за 2,5 месеци работа!?) и суштински, со недонесените закони, нереализираните обврски.

Со тоа што парламентот не може да изгласа уставни судии, или пак, членови на регулатиорни тела, највисокиот законодавен дом продуцира, на најдиректен начин, неуставност и беззаконие!
Продуцира безаконие, безнадеж и безизлезност! Кога самиот влегував во тој дом, стапнав со надеж дека таму ќе го најдам цветот на нацијата. Кога излегував, исчекорив со горкото сознание дека таму беше (и сеуште е), се разбира со чесни исклучоци, олошот на оваа нација.

Што уште не е јасно: најмалку се сработило во собраниската Комисија за образование! Тогаш какво образование, каква иднина е очекува оваа нација, неотпорна на риплиевската ситуација дека учебниците децата ги добиваат на почетокот од второто полугодие, а во нив врие од анти-факти и глупости, какви не треба да напишат малчи деца, а не универзитетски професори!?
Кога живеете во море од глупости и недугавост, на сцена стапува еден Марк Твен, кој ќе ве посоветува на голем опрез кога читате за личното ( и на нацијата!) здравје, бидејќи може да ви се случи “ да умрете поради некоја печатна грешка!” .
Пратениците, како такви, и не се виновни за тоа. Тие се само вешти во искористувањето на султанизмот на лидерите на политичките партии, кои, покрај себе, сакаат подопашници, подлизурковци, полтрони и климоглавци, а не здрави личности со свој втемелен став.

Нашите стари знаеја да кажат, дека и не е баш умесно да се фалите со здравјето (лично и на нацијата), оти не знаете кога ќе ве изненадат!

Велат, веселото срце е половина здравје.

Но како да бидеме колективно здрави, ако децата, предновогодишно ни се убиваат и самоубиваат.Насилието го потикнува и ги убива амбиентот.

Ги убива веќе вкоренетото мислење за неказнивост. За нееднаквост пред законите. На смртната прегратка од долгите раце на политичарите во судско-обвинителскиот систем.

Намерно, систематски, божем вешто, а на очиглед на јавноста, се застаруваат кривичниоте дела на влијателни поединци, се отплаќаат долгови за дадените услуги кон политичарите.
Дојдовме до конечниот парадокс: Бучковизмот!

Партијата, партискиот лидер, го враќа долгот од далечната 2005-та година, за една опскурна градоначалничка кандидатура, таму некаде на истокот, или југо-истокот,те, преку своите инсталации, влијае да застари кривичното дело, додека кривичниот сторител останув божем академмски предавач, даскаљ на нашите деца.
Што и мпредава? Се разбира, ПРАВО, за впечатокот ДА БИДЕ КОМПЛЕТЕН!!!

И тука пеколниот круг се затвора. Тука не помагаат никакви лекови за здравјето на нацијата. Тоа е неприродно, преку секоја логика, а секоја прекумерниост му се спротивставува на природниот редослед на нештата: “Секоја прекумерност и се спротивставува на природата” (Хипокрит.
„Medicus curat, natura sanat.”(докторот помага, природата лечи)!.

Но, нејсе: Ајде, барем новогодишно, да не бидеме песимисти по професија, како, на почетокот, цитираниот Шопенауер. Наместено,или не, природно, или, на вештачки начин – сеедно, првото новородено беше машко.
Нека биде машка година, со светот управуваат мажите, а со мажите – жените!

Веле Митаноски

Back to top button
Close