Зеленска ги повика западните сојузници да ја принудат Русија да ги врати киднапираните украински деца

Првата дама на Украина, Олена Зеленска ги повика западните сојузници на Киев да ја принудат Москва да ги врати украинските деца однесени во Русија за време на војната, посочувајќи дека времето не е на страната на децата.

Таа го изјави ова во интервју за РСЕ во Рига, каде што беше ко-домаќин на конференцијата наречена „Руската војна против децата“. Зеленска рече дека Украина работи со западните сојузници на развивање правни механизми за притисок врз Москва да ги ослободи децата.

 

Според официјалните украински податоци, повеќе од 19.500 деца биле незаконски однесени и испратени во Русија откако Москва ја започна својата инвазија во февруари 2022 година. Зеленска предупреди дека Русија го забрзува процесот на посвојување и дека колку подолго се таму, толку е подлабоко влијанието врз нивните животи.

 

Според податоците презентирани од украинскиот комесар за човекови права, Дмитро Лубинец на 14 јануари, од почетокот на руската инвазија на Украина, само 517 деца се вратени од околу 20.000 за кои се верува дека биле однесени во Русија.

 

Минатата година Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за деца Лвова-Белова, обвинувајќи ги за депортирање на украински деца во Русија, што е воено злосторство според меѓународното право.

Зеленска ги нарече „важни сведоци“, децата кои проговориле и рече дека нивните приказни се „доказ“ за злосторствата на Русија

Back to top button
Close