Зеленски: Немаме шанси против Русија без помош на Западот
Потенцијалот на вооружените сили на Русија многукратно ги надминува капацитетите на Украина и затоа Киев нема шанси да ја продолжи борбата без помошта на Западот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој уште еднаш спомена дека на Киев му треба оружје, пренесе ТАСС.
– За 100% да го заштитиме она што е под наша контрола, треба да го достигнеме соодносот 10:10 – рече Зеленски.