Зеленски: Никој не знае колку долго ќе трае војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека никој не знае колку долго ќе трае војната во земјата.

Во своето секојдневно обраќање Зеленски рече дека украинските сили пркосат на очекувањата, спречувајќи ги руските војници да ја „прегазат” источна Украина, каде борбите беа најжестоки со недели.

Тој изјави дека е горд бидејќи украинските војници успеале да го спречат рускиот напредок во регионот на Донбас.

– Се сеќавате ли како во Русија на почетокот на мај се надеваа дека ќе го окупираат целиот Донбас? Веќе е 108-от ден од војната, веќе е јуни. Донбас се држи, рече украинскиот претседател. ј

Back to top button
Close