Зеленски разговарал со Остин и Блинкен за воена помош и санкции против Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал за воената и финансиска помош за Киев, како и за прашањето за заострување на санкциите против Русија.
Зеленски го соопшти ова денеска, по вчерашната посета на шефовите на Стејт департментот и Пентагон на Киев. „Посетата на делегација на високи американски претставници на Киев во овој клучен момент е многу вредна и важна за украинската држава“, напиша тој на својот канал на Телеграм.
Кабинетот на претседателот на својата веб-страница ја цитираше неговата изјава: „3,4 милијарди долари одбранбена поддршка од САД е најголемиот придонес за зајакнување на одбранбените способности на Украина“.
Зеленски и предаде на американската страна акционен план за зајакнување на санкциите против Русија, развиен од меѓународна експертска група предводена од шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Андриј Ермак и поранешниот американски амбасадор во Русија Мајкл Мекфол. Оваа група е формирана претходно на иницијатива на претседателот на Украина. Зеленски истакна дека Украина ги гледа САД како лидер меѓу идните гаранти на безбедноста на Украина, соопшти неговиот кабинет