Зеленски: Украина би можела да добие кандидатски статус за ЕУ во наредните недели
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска официјално му го предаде пополнетиот прашалник за пристапот на Украина во ЕУ на претставникот на ЕУ и рече дека верува оти потегот ќе доведе до тоа неговата земја да добие кандидатски статус во наредните недели.
Зеленски му го предал пополнетиот документ на претставникот на ЕУ во Украина, покажува снимката од состанокот што ја објави неговата влада.
„Цврсто веруваме дека овој процес (додавање кандидатски статус) ќе се случи во следните недели и ќе биде позитивен за историјата на нашиот народ, со оглед на цената што ја платија на патот кон независноста и демократијата“, рече Зеленски на средбата.
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател претходно изјави дека очекува Украина да добие кандидатски статус во јуни на состанокот на Европскиот совет, на кој се собираат лидерите на земјите-членки на ЕУ