Зеленски: Украина не е граница меѓу орките и џуџињата. Украина е иден рамноправен партнер со најмалку 27 земји од ЕУ

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод синоќешното доделување на кандидатскиот статус на неговата земја за членство во ЕУ, денеска изјави дека Украина во иднина ќе стане членка на ЕУ и дека тоа сега е фиксирано на официјално ниво.

Добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ Зеленски во видео порака го нарече ​​„точка од која нема враќање“, соопшти неговата прес-служба.

-Денеска е признато: Украина не е мост, не е перница меѓу Западот и Русија, не е тампон меѓу Европа и Азија, не е сфера на влијание, не е сива зона,  не е транзитна територија. Таа не е граница меѓу орките и џуџињата. Украина е иден рамноправен партнер со најмалку 27 земји од ЕУ, изјави Зеленски, пренесен од украинските медуми.

Back to top button
Close