Земјоделци во Бугарија блокираа патишта поради увоз на украинска стока
Земјоделците ширум Бугарија денеска протестираа бидејќи владата во Софија ја укина забраната за прехранбени производи од Украина, жалејќи се дека овој потег ќе предизвика прилив на стоки и ќе ги намали цените на локалните производи.
Неколку стотици земјоделци ги блокираа патиштата со трактори низ целата земја, носејќи бугарски знамиња и свиреа со сирени, пренесе Бета.
Бугарските пратеници во четвртокот дозволија увозот од Украина да продолжи, велејќи дека забраната ја лишила владата од даночните приходи и ги зголемила цените на храната.
Еден ден подоцна, Европската унија одлучи да не ја обнови забраната за премин на храна од Украина преку нејзините соседни земји, членки на ЕУ.
Овој потег води до конфликт меѓу Брисел и Полска, Словачка, Унгарија и Романија.
Полска, Унгарија и Словачка оттогаш еднострано воведоа свои блокади, заканувајќи се на европското единство во поддршката на Украина против руската инвазија, коментира агенцијата