Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Еквадор
Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди денеска брегот на Еквадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 77 километри, со епицентар на 46 километри југоисточно од Милагро, град со околу 133.000 жители.
Засега нема извештаи за жртви и причинета материјална штета.